Се повлекува од продажба сокот од јаболка „Хип“ поради небезбедна серија

Од:

Се повлекува органскиот био сок од јаболко од брендот ХИПП поради опасност од присуство на туѓо тело, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од таму велат дека по извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник ѝ е издадено решение и забрана за пуштање во промет на небезбеден производ – Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967, од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година.

„ Бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот наредено му е да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот. Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].“ велат од АХВ.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски