Се потврди дека има околу 1.500.000 гласачи во Македонија, тоа е болката на Груевски

Од:

Се потврди она што СДСМ постојано го говореше, дека во Македонија нема повеќе од околу 1.500.000 гласачи.

Тоа е податок од Државната изборна комисија!

И ова е најголемата болка на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа се сите шпекулации, лаги и манипулации околу Избирачкиот список од кујните на Груевски преку провладините мегафони.

Дали некој треба да се наоѓа на Изборачкиот список или не, не е прашање ниту на политички, ниту на национална припадност. Тоа е прашање на законитост и тоа повеќе Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да го спречат.

Над 39.000 граѓани кои според проверките на ДИК се спорни се ставени на проверка.

Над 172.000 граѓани согласно методологиите за проверка на Избирачкиот список, едногласно од страна на сите членови на ДИК, се ставени во посебниот извод на списокот. Токму овие граѓани, кои заради погубните политики на власта ја напуштиле државата, беа најчеста жртва на злоупотреба на идентитетот од страна на фалсификаторите на Никола Груевски.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да се помират.

Во Македонија ќе има фер и регуларни избори на коишто помеѓу Груевски и Македонија, граѓаните ќе ја изберат Република Македонија, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он