Се поставува звукозаштитна ограда на обиколницата кај Битола

Од:

На обиколницата кај Битола на државниот пат А3 (Е-65) се поставува звукозаштитна ограда во должина од 860 метри. Ова е првпат во нашата држава да се постапува ограда од овој тип.

Проектот е финансиран од Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта со договорна цена од 36.552.762,50 денари.

Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека звукозаштитните бариери се еколошки, имаат висок коефициент на апсорбција на звукот, а се направени од бетонска маса во која се додадени гранули од гума добиени од рециклирани гуми.

– Овој концепт претставува економично и еколошко решение за заштита од бучава со кое ќе ги заштитиме граѓаните кои живеат во околината, а од друга страна ќе придонесеме за зголемена безбедност во сообраќајот, соопшти јавното претпријатие.

Оттаму посочуваат дека звучните бариери се поставуваат од левата и од десната страна на коловозот при што на крајните делови од секој потег ќе се постават крилни ѕидови со што се спречува секаков вид на поминување.

– Изградбата се одвива на четири потега и заклучно со месец јули реализирани се поголем дел од активностите. Целосно поставена е звукозаштитна ограда на потегот 1 и 4, при крај се активностите на потегот два, завршени се бетонски работи и поставени челичните профили од двете страни на потегот три, соопштуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски