Се поправа патот Куманово-Страцин, цел тим од министри и директори дојдоа на увид

Од:

Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и заменикот-директор на ЈПДП, Благочје Трпевски, беа да погледнат како се извршуваат работите на рехабилитацијата на регионалниот пат Куманово – Страцин, патна делница која е составен дел од Коридорот 8.

Регионалниот пат Куманово-Страцин се рехабилитира во две фази. Првата фаза од Куманово до село Војник е во должина од 15 километри, со инвестиција во износ од 4,7 милиони евра, пари обезбедени дел преку ИПА 2 програмата, а дел од финансирањето се реализира преку Буџетот на Владата на Република Северна Македонија. Во втората фаза од село Војник до Страцин се реконструира делница од 16 километри за што ЈП за државни патишта инвестира 7,2 милиони евра.

„Ова е пример како треба да се грижиме за својот регион, за сите региони во државата, како сите региони треба да се развиваат, се со цел да ги подобруваме и условите за живот но и да се грижиме за одржливиот раст и развој на секој регион. После 4 децении целосно се реконструираа и рехабилитираа, регионалните патни правци што ги поврзуваат граѓаните со овие центри од регионот. Во овој регион имаме десетици проекти коишто се реализираат, и преку програмата за рамномерен регионален развој и веќе се одобрени“, изјави вицепремиерот Николовски.

Министерот за внатрешни работи Спасовски посочи дека инвестициите во патната инфраструктура во кумановско-кривопаланечкиот регион се единствените вложувања после 40 години.

„Ќе напоменам дека само во овие три години сите регионални патишта се реконструирани или е во тек реконструкцијата и притоа се гради еден експресен пат. Ако сакаме да имаме поголема безбедност во сообраќајот со помалку жртви, помала материјална штета и помалку повредени лица, треба да имаме и добра инфраструктура. И токму затоа и заедно настапуваме за сето тоа што не беше направено, рехабилитирано, обновено да го завршиме што е можно побрзо и на тој начин да создадеме подобри услови и поголема безбедност во сообраќајот“, изјави министерот Спасовски.

Министерот за транспорт и врски Бочварски рече дека интензивно се вложува во изградба на нови автопатски делници, на нови експресни патишта во сите општини, а започната е и реализацијата на проектот за изградба и рехабилитација на локалниѕте патишта, за што се инвестираат 70 милиони евра.

„Покажавме и докажавме силна волја за развој на патната мрежа во цела држава. Во овој североисточен дел на Коридорот 8 имаме силни инвестициони зафати за негова комплетна рехабилитација и модернизација. Покрај оваа инвестиција, со силен интензитет работиме и на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, а потоа и од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир каде се врши проширување на патниот правец со трета лента. Вкупните инвестиции само во овој регион изнесуваат преку 80 милиони евра“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

Брзо се оттуѓува приватниот имот за „Бехтел и Енка“: 58 отсто од земјиштето е експроприрано

Орце Костов