Се откажуваат се повеќе новогодишни прослави во Србија, дали Македонија ќе го следи примерот?

Од:

По примерот на Србија, на социјалните мрежи и во земјава почна иницијатива за откажување на новогодишните прослави по плоштадите во Македонија, а парите наменети за изведувачите и целата организација да се пренаменат за лечење на болни деца.

Коментарите на социјалните мрежи во врска со оваа иницијатива во главно се позитивни и за дел од граѓаните ова е добра идеја, но има и такви кои се скептици и сметаат дека новогодишните прослави на плоштадите се само настани на кои градоначалниците профитираат и нема да се откажат со разни изговори.

Градоначалникот Коце Трајановски изјави дека за дочекот на Новата година од буџетот на градот се издвоени вкупно 5 милиони денари од кои 3 милиони денари за организија на Новогодишниот базар и дополнителни 2 милиони денари за самиот дочек на Новата година.

Ваквата иницијатива почна во Србија, каде неколку градови веќе ја откажаа прославата, односно градоначалниците и градските управи ја поддржаа оваа иницијатива и ги откажаа новогодишните спектакли.

Последни во низата се жителите на Стари Град во Белград чиј градоначалник ја прифати иницијативата и преку Твитер ги извести сите дека ја откажува прославата за Нова Година, а парите ќе одат за лекување на болни деца како и за сиромашните.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар