Се одржа Оперативно – тактичката вежба „Пролет-22“

Од:

Денеска во кругот на СЦ „Борис Трајковски“ се реализираше Оперативно – тактичка вежба „Пролет-22“, прва од ваков обем и содржина на овие простори, која низ претходно определено комплексно сценарио, имаше за цел да ни ја доближи, односно да ја претстави организираноста и врвната подготвеност на полицијата при вршење на задачите од областа на безбедноста и неопходноста од тесна меѓусебна соработка на различните оддели во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Како дел од проектираната ситуација извлечена од реалноста, јавноста се запозна со она што се очекува од полицијата околу одржување на безбедноста во специфични настанати услови, поточно справување со поголеми навивачки групи пред и за време на меѓународен спортски натпревар кој е прогласен за натпревар од висок ризик, со најавено присуство на ВИП лица.

Во реализацијата на целокупната Оперативно-тактичка вежба „Пролет-22“, учествуваа припадници од Одделот за специјални полициски операции, Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, Одделот за воздухопловни единици, Единицата за службени кучиња, Единицата за откривање, деминирање на експлозивни средства и направи, како и припадници на Секторот за внатрешни работи Скопје кои беа опремени со боди-камери.

Во контекст на веќе воспоставениот концепт „Полицијата во служба на граѓаните“ преку Оперативно – тактичката вежба „Пролет-22“ беа претставени потребната подготвеност на полицијата, опремата, меѓусебната координација и навремената команда неопходни за еден ваков настан да помине безбедно. Но, и каква треба да е соработката на граѓаните со полицијата и колку партнерството меѓу полицијата и граѓаните е основа за позитивен исход од секоја слична ситуација.

На настанот покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваа и други членови на Владата, раководството на МВР и БЈБ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

Би можело да ве интересира

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он

Левица: Тошковски продолжува со алармантни тендери-милиони ќе се слеат во блокирани и фантом фирми

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

А1он

МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп – Градско

Апсење на члeнови на „Беланоца-Барон“ за убиствата на Пластичарска и во Ханиоти