Се одржа Детскиот карневал во Струмица

Од:

Околу три илјади дечиња денеска продефилираа на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица на Детскиот карневал што се одржува на празникот Прочка. Со него продолжија карневалските празнувања во градот под Царевите Кули, а најмладите жители се претставија со најразлични групни и поединечни маски, креирани од нивните учителки и родители.

Детскиот карневал се одржува наредниот ден по завршувањето на Интернационалната карневалска вечер.

Карневалските празнувања продолжуваат утре, на Чист Понеделник, кога жири комисијата на Струмичкиот карневал ќе ги соопшти наградите од Главната карневалска вечер, а потоа во огромниот казан, поставен на Плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се вари бел посен грав, кој треба да се подели во околу три илјади порции.

Утрешниот ден завршува со отворање на изложбата на карикатури и афоризми од годинашниов меѓународен фестивал и доделување на признанијата на најуспешните карикатуристи и афористичари.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски