Се одржа Детскиот карневал во Струмица

Од:

Околу три илјади дечиња денеска продефилираа на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица на Детскиот карневал што се одржува на празникот Прочка. Со него продолжија карневалските празнувања во градот под Царевите Кули, а најмладите жители се претставија со најразлични групни и поединечни маски, креирани од нивните учителки и родители.

Детскиот карневал се одржува наредниот ден по завршувањето на Интернационалната карневалска вечер.

Карневалските празнувања продолжуваат утре, на Чист Понеделник, кога жири комисијата на Струмичкиот карневал ќе ги соопшти наградите од Главната карневалска вечер, а потоа во огромниот казан, поставен на Плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се вари бел посен грав, кој треба да се подели во околу три илјади порции.

Утрешниот ден завршува со отворање на изложбата на карикатури и афоризми од годинашниов меѓународен фестивал и доделување на признанијата на најуспешните карикатуристи и афористичари.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот го предаде клучот на карневалџиите, почнаа карневалските празнувања во Струмица

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он