Се нижат познанствата на Абази со ДУИ, Талат Џафери не спори дека се познава со новиот шеф на ОЈО-ГОКК

Од:

Се нижат познанствата на новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, со функционери на ДУИ. Собранискиот спикер, Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе биде некоректно да каже дека не го познава Абази, кој пред да стане шеф на ОЈО-ГОКК, беше шеф во Вишото јавно обвинителство-Гостивар. Ова доаѓа откако Ислам Абази негираше поврзаност со партијата која 20 години е дел од секоја власт која раководи со Македонија. Џафери е трет функционер од ДУИ кој има познанства со Абази. Претходно, во јавноста испливаа фотографии на Абази со функционери.

„Прво и основно јас сум претседател на Собранието и како пратеник. Како Собрание ние сме посебна власт, тие се посебна власт. Ние сме мала држава. Ако одиме од тоа дали се познаваме или не се познаваме, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот којшто ни бил во Вишото обвинителство во градот Гостивар. Така што, во тој контекст не е спорно ние дали се знаеме или не, тие се посебна власт во рамки на судската власт како посебен орган Обвинителство, рече Џафери.

Според него, не е спорно ако Абази се познава и има комуникации со функционери на ДУИ, иако тоа за јавноста и стручната правна фела, претставува потврда дека евроинтегративците ќе раководи со ова важно обвинителство кое гони висок криминал.

„Тоа не треба да е спорно и доколку утре негде бидете избрани, а се познавате со претседателот на Собранието тоа да биде пречка во тој избор. Правото на избор е право загарантирано на секој граѓанин да биде избран, именуван, да гласа, да биде избран. Така што, во тие рамки не би смеело да се коментира“, додаде Џафери.

Во јавноста беа објавени и фотографии. На едната фотографија се гледа новоизбраниот шеф со Фихри Ахмети, брат на Али Ахмети, во опуштена домашна атмосфера, додека на другата тој е фотографиран со Невзат Бејта, член на ДУИ, експратеник и ексградоначалник на интегративците. „А1он“ го контактираше Абази, кого го прашавме каде се направени фотографиите, како и дали има честа комуникација со братот на Али Ахмети. Од него побаравме и објаснување каде е фотографиран со Невзат Бејта, како и дали често се дружи со него. Тој втор ден нема одговор на прашањата, ниту пак, ја оспори автентичноста на фотографиите. Абази, го премолчи и прашањето дали дружењето со политички фигури е компромитирачко и носи сомнеж дека политички е инсталирани на функцијата.

Новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во неговото прво јавно појавување посочи дека тој со неговото досегашно работење не оставил простор да има впечаток дека тој има релации со политичка партија.

„Не е точно“, рече Абази прашан дали има блиски релации со Али Ахмети.

Прашан дали можеби се сретнал со Али Ахмети, бидејќи е негов соселанец од Зајас, Абази одговори: „Можеби и сме се сретнале“. Тој негираше дека има лични контакти.

Дополнително, одговори и на прашањето од „А1он“ дали има лични контакти со некој друг политичар од ДУИ, на што одговори: „Немам, немам“.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Џафери: Законот е јасен дека треба да има врзан потпис

Џафери: Со измените на изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите во изборниот процес