Водостоите на речиси сите реки во земјава се повисоки од просекот за мај, но бележат намалување во однос на вчера, покажуваат последните мерења направен од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Исклучок се Вардар на мерното место кај Велес каде има благо зголемување на нивото во однос на вчера, како и кај Брегалница на мерното место во Штип и Црн Дрим кај Ложани.
Нивоата, пак на сите природни езера се повисоки од повеќегодишниот просек за овој месец, но се исти како вчера.