Се намалува бројот на ученици во Велес, годинава 135 матуранти помалку од лани

Од:

Во велешките основни училишта оваа учебна 2019/2020  ја завршија 4466 основци што е помалку за 34 споредено со претходната учебна 2018/2019 година (4500 ученици). Бројот на завршени деветоодделенци годинава е 433, а лани 464.

Како што информираше денеска на прес-конференција градоначалниот Аце Коцевски, и четирите велешки средни училишта секоја учебна година имаа се памалку ученици.

Оваа учебна година во средно училиште биле  2023, што помалку за 70 од ланската учебна година кога биле 2093. Годинава во велешките средни училишта завршиле 419 матуранти, што е помалку за 135 од ланската учебна година кога биле 554.

Инаку во тек се и уписите за првооделенци од вкупно 750 идни првооделенци во велешките основни училишта до вчера се запишале 209, а уписите траат до крајот на јуни.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаат изборниот екстерен испит

А1он

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција