Се истражува случајот на починатата 41-годишна пациентка во штипската болница

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во врска со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

Случајот побуди многу интерес во јавноста, откако ќерката на починатата жена се пожали на социјалните мрежи на лош третман на персоналот во болницата кон неа и нејзиното семејство.

Директорот на Клиничката болница Штип, д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката, велат од министерството.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана, додаваат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена