Се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Од:

Интензивно се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце, информира командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Благој Ренџов.

Пожарот кој избувна вчера попладне не е ставен под контрола, сите сили од земја се насочени да не се шири и зафати поголема површина на даб, смрека, висока трева и нискостеблести растенија.

-На терен од вчера сме 15 пожарникари со четири возила, а денеска имаме уште четири возила од македонската интервентна единица и сме горе на сртот, пробуваме да го сопреме огнот да се шири, изјави Ренџов.

Прашан дали пожарот на планината Серта е подметнат од страна на пиромани, Ренџов одговори дека досегашните анализи покажуваат дека 70 до 80 отсто од пожарите на отворено се подметнати.

-Но, тоа го оставам на надлежните институции да си утврдат, од што е настанат пожарот. Во текот на денот се надеваме и на поддршка од воздух. Ние сме во координација со Скопје и се надеваме дека ќе имаме поддршка, посочи Ренџов.

едумдесет и две годишната Алиф Сание вели дека жителите во селото ноќта ја поминале во страв, за да не пристигне огнот до нивните домови. Сание е револтирана што некој повторно ја запалил планината Серта, бидејќи добитокот кој го имаат е постојано во овој дел на планината.

-Таму каде што гори, тоа е многу убаво место, бидејќи ако ја пасиш таму стоката се добива многу млеко, колку што сакаш. Местот е многу убаво, „аир да не види некој, ако го е запалил“. Многу ми е жал што има пожар и за цела Македонија, ние тука живееме, ова е наше родно место, изјави Сание.

Таа вели дека постојано на радио и на телевизија слушаат и гледаат да не се палат шумите. Инаку, во селото Селце живеаат Македонци и Турци, соживот имало со векови, но како што вели Салие во него сега се останати повозрасните жители, а нивните деца се иселени во Штип или во странство.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип