Се дезинфицираат судниците и се прави нов распоред за седење на странките во кривичниот суд

Од:

Основниот кривичен суд Скопје информира дека почнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда и оти од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува по сите насрочени судења согласно календарот за судење објавен на веб-страницата на судот.

– Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека по добивање на одлуката на Судскиот совет на РС. за судење на сите насрочени судења, која беше објавена на 29 мај, попладне почнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда. Во текот на денешниот ден ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и нов распоред за седење на странките согласно препораките на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, се вели во соопштението од Судот.

Заради тоа, посочуваат оттаму, денеска и утре, 1 и 2 јуни, Судот ќе постапува само по итни – притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ, како и во изминатите два месеца, а од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува и по сите останати насроечни судења согласно календарот за судење објавен на веб-страницата на судот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ