Се чисти речното корито на Кумановка

Од:

Општина Куманово започна со чистење на речното корито на Кумановка, во што се ангажирани екипи на приватни компании. Паралелено, екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ ги чистат површините на реката од двете страни.Претходно, општината започна со расчистување на речното корито на Којнарка.

На почетокот од неделава градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претставници од секторот за инспекциски надзор, од СВР Куманово и од невладините организации делеа едукативен материјал за да ги едуцираат граѓаните кои живеат покрај речното корито да се однесуваат совесно кон животната средина.

Надлежните од општината уште еднаш апелираа граѓаните совесно да се однесуваат кон непосредната животна средина и побараа од нив да не фрлаат смет во речните корита. Тогаш, беше најавено дека поделбата на едукативниот материјал е последна од низата преземени превентивни мерки за подигање на еколошката свест кај месното население кое живее покрај течението на реката. По поделбата на едукативните флаери, ќе следат репресивни мерки кон оние кои фрлаат шут, смет и градежен отпад во и покрај речните корита.

Од општината побараа да бидат пријавувани несовесните граѓани во секторот за инспекциски надзор и МВР кои по добиена дојава ќе реагираат со изрекување глоби за загадувачите. За чистење на речните корита во Куманово на годишно ниво се одвојуваат од пет до десет милиони денари. Годинава од оваа ставка не се одвоени средства, бидејќи во чистењето на речните корита е ангажирана механизација на приватни компании.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски