Се чисти коритото на реката „Турија“ за да го прифати вишокот вода од акумулацијата

Од:

Каналите за истекување на вишокот вода од хидроакумулацијата „Турија“ и коритото на реката интензивно се чистат од АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“.

Според директорот на „Струмичко Поле“, Лазар Ѓоргиев од обилните врнежи на снег и дожд во наредните денови се очекува браната „Турија“ да прелие и затоа коритото од истоимената река се чисти.

– Го чистиме коритото кај мостот меѓу селата Сарај и Просениково. Овој потег досега беше неисчистен и затоа веднаш таму интервениравме за да нема проблеми кога ќе бидеме принудени да го испуштаме вишокот вода, вели Ѓоргиев.

Инаку, нивото на водата на браната „Турија“ е во постојан пораст и веќе во наредните денови се очекува да го достигне максималното ниво од 50 милиони кубни метри вода.

Покрај „Турија“ и останатите акумулации во Струмичко се полни, а од помалите веќе се испушта вишокот вода.

Би можело да ве интересира

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он