Се „чешлаат“ сите предмети против Мерко, дури и завршените – Обвинителите бaраат дали некој му гледал низ прсти

Од:

Дали некој од обвинителите му гледал низ прсти на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко? Ова го „чешлаат“ темелно од Обвинителството откако во јавноста излезе на видело дека против Мерко има еден куп завршени и 6 активни предмети во обвинителствата низ Македонија.

Паѓа во очи фактот што при толку предмети против него тој досега не е обвинет, а дел од предметите и со години се чувале во фиока.

Дел од нив и застареле во меѓувреме, па струшкиот градоначалник куртули од гонење.

Иако со години Мерко успева да и избега на правдата, информацијата дека САД го стави Мерко на црна листа за корупција,  ги разбуди институциите.

Освен ова, и информацијата од антикорупциска подигна прашина во јавноста. Тие на прес конференцијата објавија дека иако поднеле претставка против него, во архивата на судски совет оваа претставка ја нема заведено. Дури и ја покажаа доставницата, како доказ дека предметот уредно го испратиле. Предметот го нема, сите бараат каде и зошто исчезнал, но она што со сигурност се знае е дека токму за овој предмет Мерко куртули од гонење, бидејќи во меѓувреме предметот застарел, иако кога е поднесен не бил застарен.

Поради сето ова Јавното обвинителство ги извади сите предмети против Мерко, дури и оние кои биле завршени и затворени и ќе испитува како се постапувало.

„ Комисијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Притоа, заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите се уште детално се проучуваат и се анализираат. По завршувањето на проверките, Комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети.“, велат од обвинителството.

 

Би можело да ве интересира

Обвинение за Мерко за бесправно проширување на хотелот „Дрим“

Продолжи судењето против Мерко и за утре тројца за фалсификување исправа и за несовесно работење во училиштето во Велешта

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

ВЛЕН: Универзитетот на Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот – aкредитација за Медицински факултет

A1on