Се чека судбината на СЈО за да почне судењето за белата палата

Од:

Ниту едно од двете обвиненија „Талир“ и „Талир 2“ кои ги поднесе специјалното јавно обвинителство на 22 ноември 2018 година до кривичниот суд во Скопје не може да почнат со судење. Половина година никако да почне главната расправа за предметот „Талир“, поради отсуство или на обвинетите или на нивните адвокати, а обвинението за „Талир 2“ половина година не е оценето.

Причина за денешното одлагање на предметот „Талир“ е барањето на адвокатите на обвинетите, рочиштето да се одложи поради членот 22 од законот за СЈО кој во моментов се наоѓа пред пратениците во Собранието за негово автентично толкување. Но, Собранието досега не покажа волја да ја стави оваа точка на дневен ред на комисиска расправа, поради новиот предлог-закон за јавното обвинителство кој го регулира статусот на СЈО. Барањето за автентично толкување го поднесе државното јавно обвинителство по барање накривичниот суд кон средината на февруари.

Седницата што требаше да се одржи минатата недела во скопска единица за оценка на обвинението за „Талир 2“ била одложена, а извори за „А1 он“ потврдија дека следниот обид на судот за оценката на ова обвинение е кон средината на јуни.

Првото обвинение е незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и ги опфаќа екслидерот Никола Груевски, други пет поранешни функционери и самата партија како правно лице.

Второто обвинение ги опфаќа Груевски и поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски. Тие се обвинети за незаконска изградба на партиското седиште, палатата „Христо Татарчев“, познато како белата палата.

Обвинението за незаконско финансирање покрај самата ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ги опфаќа и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристоски. Елизабета Чингаровска призна вина и доби условна казна затвор.

Истрагата за овој предмет СЈО ја отвори во рокот од 18 месеци, но обвинението е поднесено по истекување на рокот. Првото обвинение за „Талир“ беше оценето на 11 јануари годинава. Во меѓувреме Врховниот суд донесе начелно правно мислење, според кое, СЈО е неовластен тужител за предметите по 30 јуни 2017 година.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?