(ВИДЕО) По чекањето половина час да пристигне Груевски, почна лидерската средба

Од:

Тројца партиски лидери пристигнаа во Клубот на пратеници каде на средбата закажана во 13.30 часот треба да се одлучи дали се исполнети условите за фер и демократски избори на 11 декември. Единствено се чекаше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, кој пристигна со задоцнување од половина час. Пред него во Клубот на претаниците пристигнаа лидерите на ДУИ, ДПА и СДСМ, Али Ахмети, Мендух Тачи и Зоран Заев, како и амбасадорите на ЕУ и САД во земјава.

Од сите услови кои требаа да се исполнат, останува отворено прашањето за петтиот член на Ад хок телото за кое договор немаше ниту денеска, и по откажувањето од кандидатурата на Даут Даути.

Во јули, претставниците на партиите поставија неколку услови за избори, меѓу кои активна регистрација на 39.502 гласачи, формирање на ад-хок тело, уредник на информативната програма на МРТ, за што предлог е новинарката Санта Аргирова, но треба да се согласат и останатите три политички партии.

Доколку партиските лидери се согласат дека се исполнети сите услови, тогаш следно е формирање на нова влада, во која министерството за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе одат во рацете на опозицијата, како и три заменички министерски места.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир