Се бараат решенија за граѓаните со истечена лична карта

Од:

На вчерашната владина седница ги задолживме економските ресори да се изнајдат начини за да се стави целосно во функција животот на граѓаните на кои им е истечена личната карта или вадат лична карта по првпат. Верувам дека ќе најдеме решенија во најбрз можен рок и јавно ќе ги соопштиме, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Законот за лични карти е блокиран затоа што последните измени, кои беа на предлог на БЕСА со одложено дејство до 2023 година, се блокирани од Левица. Ние сме демократија и еве партија со два пратеника може да ги блокира процесите заради тоа што законите и Деловникот на Собранието тоа го дозволуваат. Овие денови сме принудени да бараме решение за сите оние граѓани апликанти за нова лична карта заради истечена или за првпат добивање лична карта или слично. Бројката е околу 40.000, рече Заев во одговор на новинарско прашање на означувањето на почетокот на новата инвестиција на „Алмак“ и „Дура аутомотив системс“ во ТИРЗ Скопје.

За еден дел од нив, потенцира, го разгледуваме начинот како да најдеме решение тие да гласаат на претстојните локални избори.

-Ако имаат пасош ќе гласаат со пасошот како друг дозволен документ за идентификација на изборите, но ако немаат пасош, а немаат валидна лична карта бидејќи истечената не важи не можат да гласаат. За ова решение бара Министерството заедно со Државната изборна комисија, прецизира Заев.

Уште посложен проблем, како што кажа, е што овие граѓани најчесто мора да имаат валиден документ – лична карта за да примат пензија, социјална помош и да ја остварат било која трансакција.

Би можело да ве интересира

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски

ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Александар Тодески

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

Орце Костов

Од соседите, а не од Грција, ќе зависи дали ќе може да се патува со лична карта без „северна“

Орце Костов

Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко