Семејството и пријателите на 29-годишниот Ѓорге Џонов од Валандово бараат помош за негово лекување и престој во Турција кој чини 100.000 евра, сума која за нив е недостижна за, како што велат, „неговиот најважен натпревар во животот“.
Џонов е фудбалер, а неодамна му беше дијагностициран канцер на белите дробови.
За неговото лекување може да се помогне директно на жиро-сметка или, пак, преку донациските броеви 143 460 (А1) или 143 113 (Телеком).
Се моли секој кој може да помогне во лекувањето на младото момче во неговата битка со болеста.