Се бара притвор за млад скопјанец кој пијан без возачка дозвола прегазил велосипедист со колата на татко му и избегал оставајќи го да почине

Од:

Предизвикал тешка сообраќајна незгода и не укажал помош, поведена истрага против еден скопјанец, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Од ЈО информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 4 декември, осомничениот 25-годишник, управувал со автомобилот Форд фокус во сопственост на неговиот татко, без да поседува важечка возачка дозвола, под дејство на алкохол од 1,65 промили и со присуство на тетрахидроканабинол во крвта и урината. На крстосница на улицата „Маџари“ со улицата „Палмиро Тољати“ не почитувал поставени знаци за пат со првенство на минување, а брзината на движење не ја приспособил кон состојбата и условите на патот и кон густината на сообраќајот. Свесен дека поради ова може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување, па со возилото со кое управувал удрил во задниот дел на велосипед марка „РОГ“, управувано од едно оштетено лице. По несреќата, наместо да укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и очевидците на несреќата, како и оправдан страв дека тој би можел да го повтори кривичното дело.​

Би можело да ве интересира

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопското село Мојанци