Се бара најдоброто решение за решавање на свлечиштето и одроните на патот кон Македонска Каменица

Од:

Се работи на нова проектна документација за санација на свлечиштата, кои се во клисурата на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица, најави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при увидот во градежните работи на реконструкцијата на булеварот „Партизанска“ и изградба на нов водовод за штипската населба „Македонка“.

-Работиме на темелно решавање на проблемите и верувам дека наскоро ќе имаме и проектна документација и ќе се вметне во Програмите на ЈП за државни патишта, за реконструкција, односно санација на целата оваа карпа, од којашто постојано се случуваат одрони, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање.

Прашан дали ќе се работи и на ново патно решение меѓу Кочани и Делчево, преку Калиманско поле, Бочварски истакна дека овој стар патен правец не е во Програмите на ЈП за државни патишта, бидејќи пред три години е извршена темелна реконструкција на постојниот патен правец од виничкото село Истибања преку Македонска Каменица до Делчево и до граничниот премин.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он