Се асфалтира патот до Мариово

Од:

Започнаа градежните активности околу асфалтирање на регионалниот патен правец Рапеш – Старавина во должина од девет километри.

Градежните работи се доверени на ЈП „Македонија пат“ и според договорот асфалтирањето треба да заврши на време и во предвидениот рок, посочи градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

– Во тек се градежни работи и асфалтирање на регионалниот пат до Мариово, од потегот кај село Рапеш, мостот на река Црна, до село Старавина. Вкупната должина на патот е девет километри. Со завршување на оваа делница од Битола до селото Градешница чија должина изнесува 53 километри, целосно ќе биде асфалтиран патот до Мариово, потврди Кузманоски.

Паралелно со овој пат интензивно се работи и на реконструкција на регионалниот патен правец Р-1311 на делницата Битола- Новаци до РЕК Битола во должина од 12 километри.

Би можело да ве интересира

Прилеп ќе ги награди пожарникарите за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово

Пожарот во Мариово е ставен под контрола

Се проширува пожарот во Мариово

Горан Наумовски

Двочасовна блокада на патот Прилеп-Витолиште и протест поради негрижата за Мариово

Пронајдени две семејства од странство кои се загубиле во мариовско

Катерина Ѓуровски

Исчезнато 10-годишно дете во Мариово

А1он