ВИДЕО: Се апси Катица Јанева

Од:

Полициски сили упаднаа во куќата каде што живее во Козле и ја приведуваат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициско возило.

Според информации на А1он, Јанева од пред извесно време е осомничена во случајот „Рекет“ и за неа неофицијално има одредени докази, иако вчера се чинеше дека покрај се таа нема да биде опфатена со случајот. Јанева ќе ја однесат кај судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе одреди привтор или не.

За Јанева нема информации што кажала вчера во Обвинителството, но неофицијално се дознава дека според одредени докази до кои е дојдено, а посебни преку сведочења на други лица, на неа е укажано како дел од ланецот за рекет.

Јанева уште кога се појави на снимките, како разговара со Камчев преку телефонот на Боки 13, дел од јавноста реагираше зошто не е осомничена заедно со двајцата кои завршија во притвор, а посебно револт постоеше што продолжи да ја извршува функцијата на специјален обвинител како ништо да не се случило.

Според извори на А1он, апсењата не завршуваат со Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on