СДСМ: Зошто се молчи за сторителите на крвавиот инцидент врз сопственикот на Охрид Скај?

Од:

Најостро реагираме на игноратскиот однос на надлежните институции во врска со бруталниот напад врз сопственикот на Македонската независна новинска агенција Охрид Скај, Сашо Денесовски. Трети ден од тешкиот крвав инцидент, нема информации од полицијата што преземаат во врска со случајот, велат од СДСМ.

Кои се луѓето кои со метални шипки го изудирале по глава Денесовски до искрварување и потрес на мозок? Поради тешките повреди, според кажувањата на Денесовски, секој втор ден му ја снимаат главата.

Дали и зошто од СВР Охрид одбиле веднаш да излезат на местото на инцидентот туку тоа се случило дури по три часа, откако тој сам од болница со врзана глава морал да оди во полиција за да го пријави нападот?

Дали и зошто на лице место е одбиено како доказен материјал да се земат снимките од камерите пред домот на Денесовски, каде што се случил нападот?

Дополнително, дали е точно дека до СВР Охрид веќе е доставен доказен материјал за можните сторители?

Дали напаѓачите на Денесовски се внуци на високи полициски функционери во СВР Охрид?
Дали тие лица се луѓе кои веќе имаат извршено други тешки дела, едниот од нив нелегално работел со дрога, поради што се бараат со потерница за извршување казна затвор, а се шетаат слободно низ Охрид?

Кои се мотивите за нападот врз Денесовски и дали физичкиот напад е поврзан за неговите пишувања на слични теми?

Дали Денесовски и изминативе три дена е следен и кој ја гарантира неговата безбедност?
Укажуваме дека се работи за тежок инциидент и нарушена лична безбедност на граѓанин и новинар.

Бараме надлежните органи најсериозно да го разгледаат случајот и во најскоро време да соопштат кој стои зад инцидентот врз сопственикот на Охрид Скај, Сашо Денесовски.

Би можело да ве интересира

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

(ВИДЕО) Кузеска: Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари