„Дваесет и два дена провладиниот “Курир” молчи кој и на на каков начин го финансира. И Нова Година помина а “Курир” нема абер да каже нешто за милионските приходи.
Поминаа повеќе од три недели откако СДСМ објави за милионските приходи на провладиниот “Курир.” Дваесет и два дена “Курир” молчи.
Што крие “Курир”? До кога ќе молчи?
Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра, за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир.”
Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на “Курир”, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи.
Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.
Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто стои лично, братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.
Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.
Јавноста знае дека Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.
Од каде им се милионските приходи на медиумите што ги уредува Никола Груевски?
Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспаретно, непристрасно и одговорно работење а тоа за “Курир” очигледно не постои.
Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”?“, велат од СДСМ.