СДСМ: Збогум Никола, вистинскиот отчет доаѓа по промените

Од:

„Единствен резултат преточен во дела на Никола Груевски се криминалот, стотиците илјади спорни гласачи и фантоми во избирачкиот список преку коишто години наназад го крадел слободниот глас на граѓаните.

Вистинскиот отчет на Никола Груевски пред граѓаните доаѓа по демократските промени.

Тогаш Никола Груевски ќе треба да даде отчет за извлечените над 5 милијарди евра, пари на граѓаните, надвор од Македонија. За сите криминални зделки и провизии за негово лично богатење и богатењето на фамилијата.

Никола Груевски ќе даде отчет за иселените 626.312 граѓани, пред се млади луѓе, коишто поради неговите „дил-ориентед“ политики се иселија од Македонија.

Груевски ќе даде очет поради тоашто на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици а во сиромаштија живеат над 500.000 граѓани во земјава.

Отчет Груевски ќе даде затоа што неговите расипнички и коруптивни политики затворија над 10.000 фирми.

Никола Груевски ќе даде отчет пред граѓаните затоа што ја донесе Македонија на 13-то место по бедотија во светот.

Затоа што Македонија е на врвот во Европа по смртноста на бебињата. Затоа што годишно умираат 1.350 граѓани поради загаден воздух.

Секоја украдена пара од граѓаните ќе им биде вратена назад, на граѓаните. Оние што го прекришиле законот ќе одговараат.

Денешниот така наречен отчет на Никола Груевски и криминалната банда којашто 10 години ги краде и манипулира граѓаните е врв на лицемерие и потценување на граѓаните на Република Македонија.

Парадата на криминалните ликови е нова компилација од лаги, нереални, лажни инвестиции и лажни работни места.

Поранешниот премиер, Никола Груевски е веќе минато и овој настан е еден вид негово збогување.

Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО