СДСМ: Законот за отпис на камати овозможува 150 илјади граѓани да ги рестартираат долговите кон државните органи

Од:

На околу 150.000 наши сограѓани, пред се од ранливите категории, ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнето плаќање на долговите кон државните органи, јавните институции и даночните долгови, бидејќи високиот износ на каматата кој некогаш може да стигне и од 70 до 80% од вкупниот долг, ги спречува целосно да ги подмират обврските рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Лолита Ристова.

„Имплементацијата на овој закон нема негативни фискални импликации, напротив позитивно ќе влијае врз економијата, бидејќи ќе претставува стимул за граѓаните да ги подмират долгогодишните заостанати долгови. Институциите опфатени со овој закон во рок од 90 дена од почетокот на примената на овој закон ќе го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата на секој граѓанин, а потоа ќе го известат во рок од 15 дена“ – рече Ристова.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството