Највисоките тела на СДСМ предложија Заев да ги одложи оставките додека не се средат состојбите во државата

Од:

Вечерва заседеваше Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, каде се предложи лидерот на партијата Зоран Заев да не поднесува оставка од претседателското место во партијата и од премиер на државата.

„Се разгледуваа актуелните случувања во државата и во партијата. Се отвори демократска дискусија и имајќи ги предвид актуелните случувања во државата, Централниот одбор едногласно донесе одлука претседателот и премиер да ја одложи оставката, додека не се средат состојбите во државата. Генералната одлука е донесена е дека моментумот пред кој е исправена Македонија е голем и затоа е решено да се одложи оставката“, изјави Перо Костадинов, претседавач на ЦО на СДСМ.

На почетокот на заседевањето на највисоките тела на СДСМ, Заев со громогласен аплауз беше пречекан во партијата.

Вечерва највисоките тела во партијата разговарале за најновите случувања во државата по локалните избори, енергетската криза и гласањето доверба на Владата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата