СДСМ: За три години „Курир“ остварил приходи од над 1,3 милиони евра

Од:

„Според официјалните документи од Централниот регистар, фирмата којашто се јавува како сопственик на „Курир“, за период од три години остварила вкупни приходи во висина од над 1,3 милиони евра.

Во 2012 година, приходите на „Курир“ биле околу 335 илјади евра, во 2013 растат на околу 412 илјади евра а во 2015 достигнуваат до околу 570 илјади евра. Тоа се над 1,3 милиони евра приход, само во овие три години!

Зошто „Курир“ со недели молчи на прашањето кој и на каков начин го финансира?

1.3 milioni evra prihodi Kurir

Со недели нема одговор ниту на прашањето што навистина е Курир, информативна агенција, интернет портал, агенција-партија? Поврзаноста на фирмата сопственик на „Курир“ ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, преку фирмата НВСП отвори уште една димензија.

НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто во проектот Вистината за Македонија се покажа дека стои лично братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Проектот Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП, кадешто сопственик е Владислав Стајковиќ, е дел од провизијата од 540 илјади евра што Сашо Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Во еден од објавените разговори помеѓу судиката Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата.

Стајковиќ е близок и до Жарко Луковски, главниот извршен директор на Т-мобиле и кумашин на Сашо Мијалков. Токму Стајковиќ фигурира како директор во фирмата „Мобико“, каде што еден од сопствениците е Жарко Луковски.

Од 2014 година Владислав Стајковиќ е избран и за член на Надзорниот управен одбор на Државната видео-лотарија. Наместо молк, јавноста со право очекува одговори на прашањата: кој и на каков начин го финансира „Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен

Илиевски: СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно