СДСМ: За еден ден Арсовска го укина бесплатниот превоз, укинува мерки против загадувањето, покажува неспособност и аматеризам

Од:

„Дали градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска смета дека со мерка која трае 1 ден го решила аерозагадувањето во главниот град? Нема друго логично објаснување зошто Данела ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки“, соопштува СДСМ.

„Арсовска за три пати го намали буџетот за Секторот за животна средина, ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

Исто така ги укинува и девалвира добрите еколошки проекти воведени од градоначалникот на СДСМ Петре Шилегов.

Со ваквиот пристап Арсовска не го решава проблемот со загадувањето на воздухот во главниот град, нема ниту знаење ниту способност за тоа и покажува неспособност и аматеризам“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ