СДСМ: За десет дена членството го ажурирале над 20.000 членови

Од:

„СДСМ е одговорна и државотворна партија која поставува нови стандарди, носи нова вредност во политичкото дејствување.

Паралелно со промените и реформите што СДСМ ги реализира во државата, за подобрување на животот на граѓаните, тече процесот за подобрувања, промени и модернизација во партијата.

Ажурирањето и активната регистрација на членството на СДСМ тече одлично ширум државата, а го спроведуваат 1.563 тимови од месните одбори од 74 општински комисии“, велат СДСМ.

„Во првите десет дена откако започна оваа внатрепартиска постапка своето членство го ажурирале над 20.000 членови на СДСМ.

Овој важен процес носи поголема демократизација на СДСМ и ќе финишира на 21 март со првите непосредни, демократски и внатрепартиски избори на кои ќе се избира новиот претседател на партијата.

Тоа e врв на внатрепартиска демократија и тоа за прв пат во нашата земја ќе го направи СДСМ.

Додека трае процесот на ажурирање, партијата е отворена и за нови членови, што значи ја задржуваме отвореноста којашто беше присутна и досега.

Затоа ги повикуваме граѓаните, можат и онлајн да се пријават на нашата веб страна за да пристапат кон СДСМ.

СДСМ е партија што победува, ја ужива довербата од граѓаните но и постојано се менува, модернизира, подобрува, за уште подобро да им служи на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“