СДСМ: Времето на скандали во безбедносните служби заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Безидејноста и немањето капацитет политички да созрее и да се промени ВМРО-ДПМНЕ го потврдува со секојдневно пласирање лажни вести на прес конференции.

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ за безбедносниот сертификат на полковникот Василевски беа јавно и категорично демантирани од страна на Министерството за одбрана, потврдувајќи дека не постоеле никакви пречки за полковникот да се стекне сопотребниот степен на доверливост.

Времето на скандали во безбедносните служби и праксата на одземање на безбедносните сертификати, заради нечие фаворизирање или елиминирање, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ останува доследна во своите заложби за професионализација и ослободување на институциите кои наместо за партиски, денес работат исклучиво во интерес на грѓаните и на Република Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он