СДСМ: Во периодот меѓу 2012 и 2015 година компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава

Од:

„Негрижата и коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во здравствениот систем и принуди реномирани странски фармацевтски компании да се повлечат од државата.

Во периодот меѓу 2012 и 2015, во годините на најголем режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот увоз на лекови и вакцините со сомнително потекло“, велат СДСМ.

„Таквиот однос трајно го наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што СДСМ и институциите што ги предводи, со сите сили се обидуваат да го поправат, да ја вратат довербата во македонското здравство.

Со усвојување на измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства во Собранието се создадени услови вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започне имунизацијата на населението.

Ова немаше да биде потребно ако ВМРО-ДПМНЕ, наместо за да се занимава со корупција и криминал, се грижеше за интересите на граѓаните и на државата.

СДСМ, како одговорна партија останува посветена на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економски и здравствени последици од неа“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница