СДСМ во Кавадарци: Повторно ќе ги изградиме темелите на државата

Од:

Денеска, дел од раководството на СДСМ во текот на целот ден е помеѓу граѓаните на во Кавадарци. Генералниот секретар Оливер Спасовски, членовите на Извршниот одбор на партијата, Сања Лукаревска, Тања Ковачев, Пеце Мирчески, Татијана Прентовиќ, Максим Димитриевски, претседавачот со Централниот одбор на СДСМ, Диме Вековски, како и претставници од Општинската организација разговараа со граѓаните на Кавадарци.

Урнати ни се темелите на коишто почива државата, институции нема, повторно ќе треба да ги градиме, рече генералниот секретар, Оливер Спасовски, во директните средби со граѓаните на Кавадарци.

Како што заедно ги поставуваме темелите на државотворноста на Македонија така подготвени сме повторно да ја одиграме клучната улога за Македонија, потенцираше Спасовски.

Вистината ја објавуваме не само за да ги констатираме состојбите, туку да започне процес на повторно враќање на слободата и демократијата.

Ви благодариме за поддршката, за подадената рака. Таа поддршка многу ни значи, ни помага и не крепи, заедно да отвориме нова, светла страница од нашата историја, нова страница за иднината на Македонија. Со овие зборови генералниот секретар Спасовски им се заблагодари на граѓаните на Кавадарци за искрената поддршка.

Во моментов во тек е големиот граѓански собир во Кавадарци, Граѓаните заедно за Вистината за Македонија, на кој ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

05

09

07

06

01

04

02

03

02

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“