СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува несреќи и трагедии, институциите го расчистуваат несреќниот случај кај Ласкарци

Од:

Очајното ВМРО-ДПМНЕ немајќи никаков план, никаква идеја ниту политички концепт почна и сообраќајните несреќи и трагедиите да ги злоупотребува, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека се уште се свежи страотните сцени од несреќата кај Ласкарци, додека луѓе се уште закрепнуваат од повредите, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски побрза преку лажни информации да манипулира.

Изубена и неморална е онаа партија која се надева дека ќе профитира врз човечки трагедии.

Министерството за внатрешни работи категорично ги демантираше лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Како што е соопштено, изврешена била редовна контрола над споменатото авто-мото здружение а за утврдените недостатоци во работењето, кои се однесувале на соодветно видео снимање на возилата, изречена била Забрана за вршење технички преглед на возила. Откако неправилноста билаотстранета стручни лица на МВР констатирале дека се исполнеи зкаонските услови и може да се продолжи со работа.

Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај,
Веќе е започната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел