СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ заборава дека времето на МВРО одамна заврши

Од:

„Времето на МВРО одамна заврши и не смее и нема да се дозволи контрола на партијата врз министерството за внатрешни работи, како што навикна ВМРО-ДПМНЕ за време на својот 11-годишен режим.

ВМРО-ДПМНЕ повторно и упорно ја манипулира јавноста со лажни вести и информации, а од друга страна кристално е јасно дека една политичка партија нема механизми за докажување на какви било злоупотреби, па ниту на злоупотреби на возила.

Една од раководните позиции, која техничкиот министер Чулев ја пополни со свој кадар е и одделот за внатрешна контрол, кој во описот на работните задачи е да утврдува неправилности.

ВМРО-ДПМНЕ без идеја и програма со лаги се обидува да собира политички поени и затоа граѓаните на 12 април ќе ја казнат опозицијата од белиот дворец.

Граѓаните не забораваат. Режим никогаш повеќе!“, се вели во реакцијата на СДСМ, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он