СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи што граѓаните дишат загаден воздух

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи што граѓаните со месеци дишат загаден воздух. Тие со месеци го игнорираат овој проблем.

Со игнорантскиот однос спрема загадувањето на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ не само што покажува негрижа за здравјето на граѓаните туку покажува и неспособност да го реши овој проблем.

Мерните станици во континуитет, со месеци покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Во Битола загадувањето изнесува фрапантни 16 пати повеќе од дозволеното количество на ПМ10 честички.

Во Скопје и Тетово загадувањето изнедува 14 односно 10 пати над дозволеното, додека во Кичево и Велес 5 пати над дозволеното.

Срамно и неодговорно е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон овој горлив проблем, директно поврзан со здравјето на граѓаните.

Политиките на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги разболеа граѓаните, туку и нема кој да ги лечи болните граѓаните.

Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.

Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски, Николa Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.

Затоа заврши времето на Никола Груевски. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС