СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години ги труеше граѓаните со медицинскиот отпад, а денес Мицкоски го брани криминалот на својот шеф Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф, бегалецот и осуден криминалец Никола Груевски по секоја цена.

Скандалот со медицинскиот отпад покажа дека режимската ВМРО-ДПМНЕ не само што го загрозувала здравјето на граѓаните и животната средина, туку преку нејзини кадри ја опструира истрагата за случајот Еко-клуб преку своето влијание во судството“, велат од СДСМ.

„Oбвинителката во предметот, која два месеца не се изјаснува за истражната постапка, е исто така кадар на ВМРО ДПМНЕ што се потврдува во еден од прислушуваните материјали и разговорот меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска.

Тоа се Сваровски кадрите запоседнати во правосудниот систем, кои наместо да спроведуваат ефикасни и брзи истраги, со месеци свесно ја кочат истрагата.

Фирмата „Еко-Клуб“, која го години депонирала нетретиран медицински отпад во Дрисла е сопственост на Сашо Јанакиески, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Никола Груевски.

Нетретиран медицински отпад не смеел да се носи во Дрсила, а тоа повторно го овозможувало ВМРО-ДПМНЕ преку Горан Ангелов, кој беше директор на депонијата, се додека Градот Скопје не успеа да го преземе управувањето со Дрсила.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразено на изборите на 12 април. Режим никогаш повеќе!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он