СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште е во матрицата на деструкција и одбрана на криминал

Од:

Додека СДСМ покажува дека ги слуша пораките и се менува во корист на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ си тера по старата матрица на деструктивно однесување
спротивно на интересите на граѓани, реагира СДСМ на изјавата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои се обвинети за сериозни кривични дела, наместо да поднесат оставки, продолжуваат со деструкција и одбрана на криминалот.

Одговорноста, моралните вредности и демократските принципи остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

По убедливиот пораз на претседателските и поразот на локалните избори во Охрид и Ново Село, вистинското прашање е кога Мицкоски ќе си поднесе оставка од чело на партијата која ги загуби и претседателските и вонредните локални избори?

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за демократија се додека делува по инструкции од Будимпешта. Мицкоски нема кредибилитет да зборува за одговорност се додека има пратеници на ВМРО-ДПМНЕ коие се обвинети за сериозни кривични дела а не си поднесуваат оставки.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ