СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се радува на заболени пратеници од Ковид -19, а глуми загриженост за јавното здравје, пописот ќе се одржи

Од:

Катастрофално и ужасно е ВМРО-ДПМНЕ наутро да се радува што има заболени пратеници од коронавирусот, а попладне да глуми загриженост за јавното здравје. Речиси цели 19 години државата нема спроведено попис како најважна политичка операција и тоа токму поради ВМРО-ДПМНЕ која потроши народни пари и го прекина пописот во 2011 заради партиски калкулации – велат од СДСМ во реакцијата на барањата од ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот.

„Пописот ќе се одржи оваа пролет, државата конечно ќе добие целосни, прецизни и релевантни податоци за натамошен развој. Државата, институциите покажаа капацитет во организирање на изборни процеси кои се целосно безбедни по здравјето, така ќе биде и со пописот. Веќе се донесени протоколите, здравјето и на попишувачите и на граѓаните ќе биде целосно заштитено додека трае оваа најважна статистичка операција“ – стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат