СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се против отписот на камати и долгови

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните.

Уште една потврда за тоа е поднесувањето на околу 3000 амандмани за Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој да Комисијата за финансирање и буџет,требаше да расправа, а потоа да се изнесе и на пленарна седница.

Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, ВМРО-ДПМНЕ сега продолжуваат и понатаму со негатива односно кочење на сите проекти кои значат рехабилитација на институциите, а се единствено во интерес на граѓаните.

Наспроти долгогодишното деструктивно раководење со институциите и таложење на долгови од страна на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ како одговорна партија, работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица“, велат од СДСМ.

„Согласно тоа, Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.

Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

И овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

Затоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

Но и без разлика на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава, со нив или без нив ќе оди напред. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе ги казнат сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела