СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од Законот за ЈО и работи во заштита на Груевски и обвинетите во предметите на СЈО

Од:

„Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ по нарачка на Груевски носеа над 50 закони преку ноќ со цел да ги заштитат личните и партиските интереси.

ВМРО ДПМНЕ знае дека носењето на Законот за Јавно обвинителство значи првна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се нивни поранешни функционери, а меѓу нив и Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината е дека во законот нема скриена амнестија, секој за кој постои обвинение ќе си одговара пред институциите и тоа ВМРО ДПМНЕ го знае и оттука е нивниот револт против ова законско решение.

Законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.

Кон содржината на Предлог-законот беа вградени и голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се застапуваше и се избори независната пратеничка група.

Додека заеднички се работеше на изнаоѓање на заедничко решение, ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски правеа се, овој Закон да не се најде пред пратениците.

Законот за Јавно Обвинителство ги овозможува неопходните услови за владеење на правото во нашата земја и за конечна и темелна изградба на правната држава.

Усвојувањето на овој Закон ќе биде голем придонес кон европска интеграција на земјата, и уште еден аргумент за Европската Унија да донесе позитивни одлуки за почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Унијата, што е особено важно за граѓаните“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ