СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на криминалот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лаги, невистини и дезинформации продолжува во нивни познат стил да го штити криминалот. За разлика од нив, СДСМ како одговорна партија, алармира и пријавува незаконско работење, без разлика дали извршителот на незаконските дејствија е член на Управен, Надзорен одбор или има каква било функција и е за бескомпромисна борба против криминалот, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Уште една од низата лаги пласирани во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ е дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здружениjа на тутунопроизводители.

Напротив, вистината е дека уште пред точно седум месеци, случајот бил пријавен до финансиската полиција од страна на тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Заврши времето кога партијата на власт е и полиција и суд и обвинителство.

Заврши и времето на притисоци, уцени, закани и манипулации кон земјоделците, заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Владата која ја предводи изгради партнерски однос со земјоделците. Денес имаме неселективни и навремени субвенции, како и исплатени заостанати долгови, насобрани со години.

Над 1 милион евра се исплатија на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. А лозарите кои имаат развоен потенцијал веќе добиваат поголеми субвенции за 20% за одржување на нивните лозови насади. Преку мерката млад земјоделец, ги охрабруваме младите земјоделци се занимваат со земјдоелство и да развиваат сопствен бизнис.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна. ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше земјоделците и земјоделството, а СДСМ работи во насока на негово унапредување и развој.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он