СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на лаги

Од:

„СДСМ е партијата која секогаш носела најголеми одлуки за развојот на државата и тоа ќе продолжи и во иднина.

Суштинските и системски промени кои СДСМ ги донесе значат и одлуки кои ќе донесат и забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството и подобар живот на сите граѓани.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, опозициската партија не само што не носи одлуки во интерес на државата, туку единствено нуди конфликти, лаги и одбрана на криминалците во своите редови.

Од безидејност, Христијан Мицкоски дури стана и промотор на мерките на СДСМ.
Посветен на промоција на мерките и политиките на СДСМ, Мицкоски се уште не дава одговори на јавно поставените прашања:

Кога ќе понесе одговорност пред неговиот ментор од Будимпешта за тоа што не успеа да го спречи зачленувањето на нашата земја во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност пред граѓаните за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал не поднеле оставки?

Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во општините Охрид и Ново Село?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште се длабоко навлезени во нивното криминално и режимско однесување. Од друга странам СДСМ покренува една голема иницијатива за промени, со цел подобрување на животот на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер