СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ никако да се воздржи од лаги

Од:

„Ниту во Новата година ВМРО-ДПМНЕ не се разбуди како одговорна партија, туку и првиот ден од 2021 го започна со лажни вести.

Не е вистина дека директорот на истражниот затвор “Скопје”, Филип Андонов учествувал во било каков конфликт со полициски службеници, ниту бил присутен, ниту пак е сопственик на локалот како што обвинува ВМРО фејк њуз ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за инцидент во Кисела Вода.

„На Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им е срам и доволно што се посочени како извор на лажни вести во меѓународна студија на ЕУ, ниту демантите од странски амбасади кои јасно реагираа на лажните вести на функционери од партијата.

Не ги свестуваат ниту шест порази како казна од граѓаните и наместо да ја научат лекцијата и конечно да застанат на страната на граѓаните, тие упорно продолжуваат со деструктивни политики, лажни вести и блокади, зошто поинаку не знаат. Едноставно, толку можат“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана