ВМРО-ДПМНЕ: Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода

Од:

„Вчера повеќе медиуми пренесоа дека по завршувањето на работното време на угостителските објекти во Кисела Вода дошло до инцидент каде вербално, со пцости и вулгарности се нападнати полицајци кои предупредиле за забраната за групирање.

Меѓу групата која се конфронтирала со полицијата беше пренесено дека е и омилениот екс советник на Заев, а сега директор на истражниот затвор Шутка Филип Андов Сокол“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали е точно дека во инцидентот бил вклучен Филип Андонов Сокол?

Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода кој се крие од јавноста?

Зошто не е поднесена пријава од полициката за сите други освен за екс советникот на Заев?

До кога Скопје и Македонија ќе биде заложник на бандити кои се над законот?

Наместо одговорност Зоран Заев ги става на пиедестал насилниците и бандитите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус