СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не сака Закон за ЈО, се залага за амнестија на криминалците

Од:

„Повеќе од јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат донесување на Законот за јавно обвинителство кој има за цел да ги зајакне капацитетите на правната држава.

Донесувањето на овој закон е во интерес на правдата, на иднината на нашата држава и помага во остварувањето на стратешката цел – започнувањето на преговорите со ЕУ.

Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ навистина се залагаат за европска иднина на државата треба да покажат дека не сакаат намерно да го опструираат законското решение“, велат од СДСМ.

„Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем кој што мора да биде независен.

СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која од ден на ден станува се поголема, во корист на правдата и иднината на државата и граѓаните.

Таа разлика ќе се потврди и на 12 април кога граѓаните ќе се изјаснат за правда, сигурност и европска иднина, наместо режим, неказнивост и изолацијата што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он