СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже за работните места, има само 19.000  потврди за ослободување од придонеси

Од:

„Денеска јавноста е сведок на ново бесрамното лажење на граѓаните од страна на Груевски и криминалната банда на власт.
 
ВМРО-ДПМНЕ лажно зборува за 19.000 лица на кои наовдно проектот Македонија вработува им донел егзистенција.
 
Tоа не е точно.
 
Вистината којашто не се кажувa е дека тоа се всушност 19.000 издадени потврди за ослободување од придонеси од задолжително социјално осигурување.
 
Може да се издадат повеќе такви потврди за едно работно место, зависно дали лицето кое првото го остварило го искористило до крај или после неколку месеци го прекинало работниот однос независно од кои причини.
 
Јавноста е изманипулирана со овие бројки со кои лаже ВМРО-ДПМНЕ.
 
Неуспесите не може да се покријат со лаги.
 
Кога веќе ги броиме неуспесите ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори колку работодавачи го изгубија правото на користење на бенефициите од криминалниот проект  Македонија вработува?
 
Дали во моментов 3.000 фирми ги задолжи криминалната власт да ги платат односно вратат придонесите? 
 
Сите овие фирми власта ги натера да ги користат бенефициите на проектот за сега да ги заглави. Наместо да ги зголемат платите на вработените или реално да вработат ново лице тие ќе треба да ги платат придонесите кои криминалната власт никогаш и не ги уплати ниту во ФЗОМ ниту во ПИОМ.
 
На овој начин се озакони криминално неплаќање на придонеси во фондовите.
 
Лицата кои се вработени преку овој криминален проект немаат ниту уплата во вториот задолжителен фонд затоа што нема кој да ги уплати парите.
 
Секако приватните пензиски друштва нема да ги простат парите како државните фондови па затоа пензијата на овие граѓани нема да биде пресметувана и од втор столб.
 
Затоа Македонија е на нозе.
 
Доаѓа правда. За сите злоупотреби на грбот на граѓаните ќе следува одговорност“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ